Актерите од POMELO TV се враќаат на сцена: Песната„Ако одам кај Снежето” доби и видео запис

„Битолскиот бенд „Не Вели Два Пати“ му ја честита четвртата сезона од Нешто Конкретно на Велков Снеже со студиска верзија на песната „Ако одам кај Снежето”, крунисана со видео запис. Среќна и успешна сезона Снеже не те даваме за никој и ништо до крај! – велат членовите на Pomelo TV.

Имено екипата веќе подготвуваат нови содржини кои ќе можете да ги следите и на Razbudise.mk. Нови урнебесни видеа, поткасти, но и едукативна програма. Ќе имате можност да ги гледате на нивниот you tube канал, а екипата освен комични видеа, најавува и содржини кои ќе ја подигнат свеста околу социјалните и општествени проблеми кои несомнено ја интригираат публиката. Во продолжение погледнете го првиот видео запис за песната „ Ако одам кај Снежето“ ТУКА и уживајте.

…А најлудите и убави идеи, доаѓаат во непредвидливи и најмалку очекувани околности. Имено она што е интересно е самото создавање на текстот за песната. Креиран е сосема спонтано… Никола Тргачевски – Кумба, Владимир Ивановски – Дади, Душан Кузевски и Мими Марковски со југцето патуваа за Скопје да бидат гости во емисијата на Снеже Велков „Нешто конкретно“. Епа да! Гостите се подготвуваа да кажат нешто конкрено… А додека се „загреваа“, ја родија идејата што денес доби и видео запис. Она што нам „едно врапче“ ни кажа, е дека Pomeo Tv веќе работи со полна пареа.