„Брчиме со Дуле“ – Новото Talk Show во етерот на „Razbudi se“ и „Pomelo TV“

Долго време очекувавме нешто ново во етерот. Нешто што веруваме дека ќе ја раздрма публиката, ќе изнуди насмевка, а и еден куп прашања поврзани со социјалниот живот, со местото и времето во кое живееме… Официјално на „Razbudi se“ ви го претставуваме новото Talk Show на Кузевски Душан, именувано како „Брчиме со Дуле“. Оваа приказна ќе имате можност да ја следите на нашиот сајт кој истовремено е официјален сајт на Pomelo tv. Околу идејата и креацијата на самата приказна позборувавме со Дуле, па во следните редови прочитајте мало интро за целиот концепт. Од она што ние можеме да го кажеме, Кузевски е голем креативец, извонреден талент и човек кој ги следи своите соништа.

Дуле: Почетниот концепт, замислен во мојата глава е, да имам гости од буквално сите сфери, спорт, образование, социјала, уметност, работа…познати и непознати, сите оние кои што на било каков начин придонесуваат  кон подобрување на секојдневието преку своето делување, својата приказна.

Идејата е да промовираме човечки вредности… Фамилијарни вредности, хумор, да го истакниме успехот на сите талентирани дечиња во нашиот град Едноставно да се научиме да се радуваме на туѓиот успех, наместо да хејтаме. И секако, да помогниме онаму каде што можиме. Да бидиме гласник на обичниот човек.

Дуле: Насловот на емисијата ми кликна сосема случајно, под туш. Да бидам искрен, многу интересни идеи за работа добивам дури сум под туш хаха. Кога размислував за име, цело време ми се вртеше мислата дека само збораме, а ништо не правиме. Брчиш е термин што го користиме во Битола за некој што многу зборува, досадува… И си реков ќе брчам ќе досадувам ама можеби ќе придонесам за некакви промени.

И така едноставно си дојде Брчиме со Дуле.

Дуле: Првата сезона (дај Боже да има уште многу други), сакам да имам гости од Битола, како што кажав погоре, познати и непознати, меѓу кои има многу што постигнале успеси, а не било тоа доволно истакнато во заедницата.. Публиката можи да очекува и гостувања на дечиња, најискрените и најинтересните суштества меѓу нас.

Така да, нема се да е поврзано со уметноста.

Дуле: Пораката е да гледаат Брчиме со Дуле“, читаат „Разбуди се… И слободно да учествуваат во желбата наша да придонесиме за подобро утре на сите.