Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски

почина Мето Јовановски

Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски

Голем број култни телевизиски и филмски улоги, театарски претстави… Мето Јовановски беше едно големо звучно име на театарското глумиште. Со пиетет на маестрален актер, талент и пред се човек, Јовановски се збогува со театарската и сцената на животот на 77 годишна возраст.

Јовановски ќе остане запаметен по филмовите „Трето полувреме“, „Среќна Нова 49-та“, „Тетовирање“, „Опстанок“ и многу други.

Минатата година за за неговиот придонес во филмската уметност, актерот се закити со наградата „Златен чадор“. Стануваше збор за престижна награда на познатиот филмски фестивал во Турција Балкан панорама филм фестивал.