Петар Грашо со концерт во Скопје

Петар Грашо

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, го најави својот ексклузивен концерт во Скопје. Истиот ќе се одржи на 26-ти април во „Македонска Филхармонија“. 

Петар Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Со бројни хитови, е еден од најомилените за публиката во регионот. 

Петар Грашо

– Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која повеќе од 25 години не може да се измери.

Но, затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Помина низ безброј различни искуства, но сепак не ја изгуби својата природа и оригиналност. Tокму и затоа, во моментов претставува хрватска институција. – Се вели во известувањето и најавата за концертот, а од таму додаваат:

„Ako te pitaju“, „Moje zlato“, „Utorak“, „Ko nam brani“ се фантастични песни кои со огромно задоволство ќе ги слушаме од Петар Грашо на 26-ти април, заедно со уште многу други.