Најголемиот концерт на светот(1994) се одржал на Копакабана

Копакабана

Најголемиот концерт на светот(1994) се одржал на Копакабана – Четири милиони луѓе ги уживале благодетите на белиот песок!

Најпознатата плажа во светот, Копакабана се наоѓа во јужниот дел на Рио де Жанеиро. Има бел песок  во должина од 4 километри. Изобилство на палми, незаборавни бразилски  планини. Огромни бранови идеални за сурфање и екстремно пливање и секако, весела атмосфера и бучава која го оживува детето во тебе.

Булеварот на плажа, кој може да го видите тука -црно-белиот мозаик на Копакабана, инспириран од Португалија на архитектот Роберто Бурле Маркс и е во стилот на Арт Деко (инспириран од уметноста и архитектурата на Древниот Египет).

Имено, ова место е познато по лудите забави. Род Стјуарт го слушнале над 4,2 милиони луѓе на популарната бразилска плажа Копакабана.

Винтиџ-шармот, оригинален и автентичен, на плажата создадена за уживање, одново мами со својата оригиналност.

Пишува: Ромина Марковска