…И таман ќе си помисли чоек оти стивна ситуацијата, ете ти го стариО на врата. Жана потскокнува и се „пали“ само шо ќе го види Раде. А и по отварањето на вратата се осеќа дека пак дома, ќе си имаме ШОУ. Ах Саше бе, кај се најде бе Саше бе дете златно во ова куќа. Во куќата на Марјан Георгиевски!
Фотографија – Screenshot од видеото и „куќата“ на Марјан Георгиевски!
И не се само епизоди овие…Работата си е тековна. Славољуб не застана со ракијата, а богами и на баба ми му летна билијата… со себапо за пензиите. Пусто наше. Само повод да си најдиме за да се очукаме. Сите сме шокирани од веста шо ја здрма државата.
Значи ЧОВЕЧЕ! Пензијата покачена за 1220 денари!
Фотографија – Screenshot од видеото и „куќата“ на Марјан Георгиевски!
И таман си реков ќе олабам тро и ќе ми дат стотка моите за на кафе и на афтерворк парти на Широк Сокак, ништо од муабето. Не оти јас работам… Туку како бе не работам?! Па од ова моето нема потешко. Ти да ги трпиш секој ден овие луѓе! Се сликат, се карат, се смеат, пијат, плачат, врескат… И битно вриштење да има! Напнато да е! Па и кај се нагодија сите различни табиети опо по по! Еден комшија околу нас нема. Све се испресели.
Па луѓе бе кој можи да го трпи ова лудило! Ене ги тие до нас станО под кирија го издават. Шо е најинтересно дојде еден психолог демек да работи. Први пациенти? НИЕ. Последни? НИЕ. Чоеко се откажа и го кладе кЉучо по еден месец! Си има сколија тој, виде колку е сато и пошо не успеа да ни го најди чарето се има вратено на факултет да приучи уште нешто. Се сеќавам, то време Каја инфлуенсерката му го тепаше филмот на Жана и Раде ѓом му требало брачен советник, нешто психолог, као тренд било то човече…Овие од пусти ќеф да се нешто напред со модата, му влегоја внатре, умо попара му го напраја.
Како продолжи приказната? Не продолжи кЉучо се кладе на врата ко шо рековме. Али се разбира пред то се претераја и Славољуб и баба ми да ѕирнат шо беше цела работа. Замисли цела фамилија луда куќа му се тупна в стан кај психолого. Сите се караја, се викаше, психолого припадна, на баба ми му се крена притисоко, а Жана се накљука диасепами. Каја одма тука ги извај камерите и евидентира се со фоловерсите. Уствари така и можи стана популарна. А Милена? Е Милена не се чукна од тогаш, та од стално беше поинаква.
Ама, види бе…Ко ќе видиш да не му си в кожа ни на Славољуб, ни на баба ми, ни на Раде, ни на Жана. Да не му си в кожа и на ова со фоловерсите. Господе Боже! Па не дај Боже да му буричниш в мозок кај Милена. Ау па па па…Скраја да е!
Сите се мачат во животО. Раде од ко го знам очајно се труди да биди глава на фамилија. Жанета од друга страна, убедена е оти е. А Славољуб уште го цепи филмо од Југославија и негде низ две три чаши ракија заборај на сé шо се дешава низ куќа. Низ Битола, во државата. Абе гајле нема ни за политика, ни систем. Мава две три и не го занима дали горело или ќе гори во на Путин чевлите пример.
Не му е лесно ни на баба ми. Тој вечити конфликт и релација „сна – свекрва“ стана секојдневие. И никој појќе не реагираме на кавгите. Сé си пререкват, за сé се карат. Тензично да е! Жана многу ја буфкала машината за перење, зато струјата појќе ни идело. Баба ми милиња уште клававала над телевизор, а одамна не е то во мода. Па се скарале за чеизо, за колку лајци шеќер во благото требало. Ни едната ни другата попушта.
Уше од деца се навикнавме на ова атмосфера и дури би било чудно ако сите ќутат. Температурата 200, радиото на најјачи и старио од време на време му лепи стотки на компјутата. А и Жана Тина Тарнер ја заменва. Луда журка секој ден со повод. Некни славевме оти за два денари поефтин шеќеро го начекавме… После то се пифкаше за Стево – трет брачед од Аустралија на Славољуб шо добил на лото. Сите се надеваја оти Стево ќе фрли некој долар од кај ќенгурте. Ете поминаја пет години. Уште ко ќе тропни вратата, баба ми се шаштисва да не е поштарот со плико доларСи.
Абе стално си имаме повод шо да ви кажам. Ете прмер си славевме и ноќта на вештерките. И фала Богу не мораше да се маскираме. Вештери до миле воље. Али за цела забава да стани вистински спектакл, Милена ствааарно не шизна со новиот талент и една урбана модна ревија. Со ова дефинитивно му ја паѓа репутацијата на Каја и фоловерсите одат кај Милена. Туку шо да ви кажва, се си е евидентирано во видеото подолу.
Пишува Елена Трпковска Наумовски и фала Богу видеото е на маестралниот Марјан Георгиевски!