Жана на Марјан Георгиевски под страшен притисок: Ме умревте сите ме запустивте! 3 Епизода-Викенд

Стресој, сметки, орланда дома. Ново видео на Марјан Георгиевски „Викенд“

Фотографија: Print screen од видеото на Марјан Георгиевски „Викенд“

Старио од вчера треска, не ја остај та ракијата. И да го разбери чоек ко ќе размислиш. Ти од Jугославија да дојш на ова дереџе… А шубо си врвеле. Си оделе по одмори, на викенд со феријалното. Ко шо ми има раскажвано, туркајнци Претор било ко не била повлечена водата.

Славољуб напукан во спидо, жената тука прц – прц со салатите.

Пластичната маса ќе ја оптегнеле и се крцорело на плус 40 степени со ракиче, салатиче и скариче. Али то други времиња биле. Не се муцало од мака. Ние ко деца стално се веселевме во тие трските и мочавме во тињата, а старио ко ќе манеше ушЕдно чоканче му се спојваја жиците. Ќотек ќотек колку шо си тежок. И не. Не беше резил да ја слушниш мајка ти кај шо вриска по тебе:,, Не ојте во длабокото!!! ” или…,, Не мочајте во плиткотооо!!!”

После се стегавме еден на еден со фиќото и ги слушавме како се расправат Славољуб и жена му. То 40 степени, (а внатре в кола можи и појќе), старио елегантно напиен. На радио поезии за Тито, а ние со душек и пластичните столици над фичо бичевме.

Не ко сега ова Каја со фоловерсите. Се некои фенси пијачки. Замисли некоја се викала,,секс на плажа”. И туку се чкрапат со тие телефоните. Море шо знаевме ние за коктели. Дали знавме ние грејпфрут и перуанска јаготка шо е? Абе кој мислел оти вакви створења ќе ми се напрат децата. Шо времиња се овие. Едната инфлуенсерка, другата секташ. И Сашо. (Глуп поглуп и Сашо.) Булинг сме му праеле и мобинг на Милена. Сме му вршеле психичко насилство и нешто гаслајтин рече! Господе Боже!

Фотографија: Print screen од видеото на Марјан Георгиевски „Викенд“

Арно му велев јас на Жана. Чудно беше то од мало, требаше совреме да ја носиме по доктори. Касно е сега. Чавката му летна одамна.

И добро бе викенд е да му се невиди! Али според Жана тие се најубајте деној кај шо треба да се побудалиме. Бичи со правосмукалката (фалаБогу од времето на Славољуб, југословенското вселенско летало). Штрака со вратите, бучи, мава со пајнците.

Зато поарно реков денес ќе се истребам на риби. Абе и јас дали ум во глата имав ко ја побарав. Многу наивно се праеше Жането. Се му чинеше пред да влезиме во станот. После почна:,,Ова нејкам вака. Пердиња други сакам! То милето од мајка ти ќе го џитнам! Ѕидо да го преваросаме, полици да ми смениш, машина за сушење да ми купиш.”

Умревме со пусти кредити, а после ѓомти од ко се намести се, Жана почна:,,Ме умревте сите ме запустивте! Децата ти ги пораснав со прст не мрдна! Три машини имам за чистење. Немој да си мрднал од дома ќе те скичмам. Не туку излегвај со другарите. Сите пари по меани ги фрли!” И така песната продолжваше:,,Ме мрднаја ме запустија сите! Ќе ме умрите сите, на душа ќе ме носите! Не влегвајте со чевли дома!
… Славољубе застани со ракијата!
… Ти чорапите не знајш да си ги крениш?
… На сред соба си ги акнал. Такви смрдени.
… Шо е ова трошки на сегде. Ај приберете се малку. Еднаш барем собата да си ја наместите… Чупи големи за мажење! Срам да ви е!

Раде оди купи ова. Раде оди напрај она. Не можи да излегваш ми требаш! Раде леб немаме. Станвааај 12 сато дојде! И шо.. На крај ко ќе си го бараш заслуженото и фамилијарната обврска, стално вели: ,,А немом глата ме боли! Изгледа многу кафе испивме со Мирето… “

А како сето ова изгледаше, ѕирнете во најновото видео.

Пишува Елена Трпковска Наумовски и фала Богу видеото е на маестралниот Марјан Георгиевски!