Патрик Демпси блесна во Венеција на премиерата на филмот „Ферари“
Актерот од „Grey’s Anatomy“ (Патрик Демпси), ги воодушеви фановите на меѓународниот фестивал во Венеција во Италија. Сѐ се случи во четвртокот на премиерата на неговиот нов филм „Ferrari“.
„Овој е како виното! Како старее, толку е подобар“ – се вели во коментарите на оние „гладни човечиња“ за „холивудски“ трач. овој пат моден трач.
Имено, актерот прoшета на црвениот тепих во смокинг Brunella Cucinelli. Со машна, соодветни свечени чевли и часовник со црвено ременче, на Патрик (57), му се придружи и неговата поубава половина, сопругата Џулијан. Таа носеше фустан од слонова коска без прерамки и црна кожна јакна. (Како што всушност се гледа на видеото, но ајде и ние да искоментираме како што тоа го прават светските медиуми и папараци).
И замислете! Подоцна им се придружи колегата на Демпси, Адам Драјвер, кој исто така изгледаше блескаво во црн смокинг. (Не дека е толку важно, ама да си кажиме).
И толку…што очекувавте вие?