Прават свадби, облекуваат фустани и одела од милионски суми и не, не плаќаат кредити за нивните веселби и одбележувања на нивниот најсвет чин кои секогаш се ветува на вечна љубов…Но, не и во Холивуд!
Имено, трачот се разбира доаѓа од таму. Некогаш познатата поп ѕвезда Бритни Спирс, после само една година во брак, се разведува. изгледа дека двојката се премисли. Сепак друго е во врска, друго е да го делат креветот. Избраникот на Бритни беше Сем Асгари, а со пејачката беа заедно дури 14 години.
Е сега кој е сочниот трач? Развод ко развод, но зошто? Се разбира, неверство.
Изворите тврдат дека, пред околу една недела, Асгари дознал за аферата на Бритни Спирс. Сепак, сеуште нема докази, но расправијата била неминовна.
Наводно, сопругот се иселил од нивната куќа и сега живее во свој стан. Никој од нив сѐ уште не ја искоментирал веста за разводот, но каде што чади, веројатно има и оган. Особено во Холивуд. Затоа што будните папараци можеби и повеќе знаат од Сем.
Бритни Спирс и Сем Асгари, инаку го кажаа судбоносното „да“ во јуни 2022 година, на свадбена церемонија во куќата на поп-ѕвездата. Меѓу гостите кои фала богу си направија реклама плус (како да не им е доста) беа Парис Хилтон и Селена Гомез, Мадона. Погледнете го видеото подолу кое веројатно ќе ја задоволи вашата љубопитност. Не дека оговораме, само муабет си прајме.