„Пастрмајлијада“ 2024 во Штип

пастрмајлијада 2024

 „Пастрмајлијада“ 2024 на нова локација во Штип! „Пастрмајлијада“ 2024, започнува денес како 16-то издание во Штип. Ќе трае два дена на новата локација на улицата „Ванчо Прќе“. Оваа манифестација ќе им овозможи на посетителите да уживаат во традиционалните штипски специјалитети.

Пастрмајлијада 2024 на нова локација во Штип, ветува рекордна посетеност, според организаторите. Се очекува позитивна атмосфера. Посебен акцент ќе биде ставен на традиционалните активности како сечењето на огромната пастрмајлија  и натпреварот во брзо јадење. Миро Кацаров, член на организацискиот тим, најавува дека новата локација , поблиску до центарот на градот ќе донесе уште поенергична и весела атмосфера.

Многу забава и богата музичка програма со настапи на македонски и странски музичари! Музичкиот дел на програмата започнува во петок со настапи од Антонија Гиговска, Дани Димитровска, ФИС бенд и главните ѕвезди на вечерта, Лексингтон бенд. Саботата е резервирана за Дупер, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо. Новина годинава ќе бидат и дневните забави, додека традиционалните штандови со вкусни пастрмајлии и пијалоци ќе бидат неизоставен дел од атмосферата.

Со оваа богата и разновидна програма, „Пастрмајлијада“ 2024 ќе донесе незаборавно доживување за сите генерации, ветуваат прганизаторите.

извор