Париз – Градот на светлината во божиќна магија

pariz gradot na svetlinata vo bozikna magija

Париз – Градот на светлината во божиќна магија! „La Ville des Lumières“, оваа титула ја добива уште во времето на Просветителството… Kога станува центар на културата, образованието и философијата. Ова име станува уште позначајно во 19 век кога Париз е првиот европски град со широко, распространето јавно осветлување.

Погледнете како изгледа Париз во Божиќно руво…

Во празничниот период, Градот на светлината ја добива својата најмагична форма. Улиците и познатите делови како Шанзелизе и Jardin des Plantes, блескаат со светла што ја осветлуваат целата околина. A дури и Ајфеловата кула изгледа како да е во сенка на оваа светлосна трансформација.


Познатите модни куќи како Chanel и Dior со своите раскошни декорации го претвораат центарот на Париз во празнична бајка додека внимание привлекува и Galeries Lafayette со своето грандиозно божиќно дрво. Оваа година, инспирацијата доаѓа од детските спомени на дизајнерот Шарл де Вилморен за празниците поминати со баба и дедо што ја додава дополнителната доза магија и топлина на зимската приказна.

Париз
Париз