Борис Чоревски- Бардот на театарското глумиште ја доби престижната награда 4 Ноември за животно дело

По повод Денот на ослободувањето од фашистичката окупација, Општина Битола ја доделува Наградата „4 Ноември“. Сосема заслужено, ова високо признание наградата „4 Ноември“ за животно дело, оваа година пристигна во рацете на актерот Борис Чоревски, доајен на Народниот театар од Битола

Имено Борис Чоревски(75) на штиците што живот значат на сцената на Битолскиот театар помина 41 година. И покрај пензионирањето во 2016, Чоревски не се откажа од актерството. Како еден од најплодните актери, како негови најуспешни улоги кои се паметат и денес се: Дон Жуан во претставата „Дон Жуан се враќа дома“…. Барон Михаузен во „Минхаузан“, Осман бег во „Македонска крвава свадба“… Капулети во „Ромео и Јулија“, Јордан во „Печалбари“. Со својата кариера, Чоревски ја обогати театарската сцена со многу незаборавни улоги и интерпретации… Што го прави важен дел од македонската културна историја. Неговото наследство продолжува да инспирира многу млади актери и љубители на театарот.

Освен како актер во театарот, Борис Чоревски, има улоги во телевизиски серии како: „Девојките на Марко“, „Илинден“ ,„Втора смена“, „Битолски лакрдии“, „Големи и мали“, „Црвениот поет“ и други, „Трето па машко“… На филмското платно Борис брилира во улоги и во филмови како:

„Трговецот од Солун“ на Душан Наумовски, „Црвениот коњ“ на Столе Попов, „Прва вечер“ на Димитрие Османли… „Прашина“ и „Мајки“ на Милчо Манчевски.