Општина Битола со повеќе настани и активности ќе го одбележи денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември

Општина Битола со повеќе настани и активности ќе го одбележи денот на ослободувањето на градот - 4 Ноември

ОПШТИНА БИТОЛА СО ПОВЕЌЕ НАСТАНИ И АКТИВНОСТИ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ – 4 НОЕМВРИ

Со параглајдинг во чест на „4 Ноември“ во организација на Параглајдинг клуб „Летечки конзули“, од 26 октомври, започнаа програмските активности за одбележување на 80 годишнината од ослободувањето на Битола. Активностите продолжуваат на 30 октомври. Со отворање на фестивалот на „Мала школа за краток филм“ во Центарот за култура и полуфинале на „4 Ноемвриски турнир во куглање“ во организација на кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ и Кугларски клуб „Пелистер Пин“. На 31 октомври во 19:00 часот, во организација на Македонско – турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, во Кино Манаки ќе биде прикажан филмот „80 години слободна Битола“.

На први ноември, во Офицерскиот дом ќе се одржи ликовна работилница за деца на тема „Битола е инспирација“ – 80 метри слика за 80 години слобода на градот, а во истиот термин во ресторан Премир центар ќе се одржи Шаховски турнир за слепи лица. Во 12:00 часот во организација на Младинскиот културен центар, во соработка со Локалниот економско социјален совет во 12:00 часот во хотел „Милениум“, ќе се одржи јавна дискусија на тема „Праведна и зелена транзиција за Битола“. Во 17:00 часот најмладите од ЈОУДГ ќе бидат дел од настанот „Битола низ детските очи“, а во 19:00 часот  во малата сала на Центарот за култура ќе биде отворен Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.

На втори ноември ќе биде организирана ОФФ Роуд тура по повод ослободувањето на град Битола, а планирани се две изложби: „Изложба на 80 метарско платно со ликовни творби“ во Офицерски дом и „Блиски сеќавања од Битола“ – изложба на фотографија.

На трети ноември дел од програмата е традиционалната ноќна атлетска трка „4 Ноември“, во организација на Сојузот на спортови.

На 4 Ноември, активностите започнуваат од 10:00 часот со оддавање почит на загинатите борци пред споменикот на Плоштадот Гоце Делчев, а во духот на хуманоста програмата продолжува со Крводарителска акција наменета за вработените во Општина Битола. Повеќе делегации од збратимените градови, по повод празникот ќе гостуваат во Битола, а Свечената академија за доделување на Наградите „4 Ноември“ ќе понуди настан за паметење во Центарот за култура од 19:00 часот. На празникот на градот, подрачното одделение на Државниот архив во Офицерскиот дом во 20:30 ќе ја отвори изложбата „Битола – слободна“.

Културните настани збогатени со квалитетни содржини ќе продолжат до 14 ноември, со прекрасна понуда за публиката во чест на 80 годишнината од ослободувањето на Битола.

П Р текст