ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По повод големиот јубилеј – 80 години од постоењето на НУУБ „Свети Климент Охридски“ – Битола, во Офицерскиот дом се одржа панел дискусија. Дискусијата беше на тема  „Значењето на библиотеките за културниот живот и образованието во заедницата“.

Дискусија та е дел од проектот „Промовирање на значењето на библиотеката како културна и образовна институција во заедницата – 80 години постоење на Битолската Библиотека“.

ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

На панел дискусијата свое учество како панелист имаше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Тој нагласи дека библиотеките имаат значајна улога за едукацијата и изградбата на младите личности, но и за заедницата во целина.

„Библиотеката е длабоко поврзана со моето детство. Период кога се натпреварувавме кој ќе има повеќе испишани графи од оние книшки во кои се запишуваа земените книги и кој побрзо ќе ја смени таа книшка. Во тој период често одевме трчајќи во одделението на библиотеката на улицата „Маркс и Енгелс“… Но, подоцна и во сегашната библиотека, по разни поводи и настани. Би сакал и сега, што повеќе деца да се вратат кон читањето и книгата. Во ова време, кога доминираат електронските уреди, телевизијата, интернетот, мобилните телефони… Искрено се радувам кога ќе видам дека некое дете чита.

Кога ќе се навратам на детството… За летните распусти, покрај детската игра, моравме да одвоиме време за да ги прочитаме и нашите лектири. Денес, како локална самоуправа имаме одлична соработка со библиотеката. И при секое влегување во овој храм на книгата, мирисот на книгата ви ги враќа спомените“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во дискусијата.

ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Настанот го отворија директорката на библиотеката, Емилија Стефановска Давкова и Фатма Бајрам Аземовска, координатор на проектот. Свои обраќања имаа и Проф. д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО, Снежана Петровска од Општина Битола… Доцент д-р Анита Ангелевска, професорката по македонски јазик Билјана Димко, д-р Светлана Талевска и д-р Николче Вељановски од НУУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Ивана Хаџиевска и професор д-р Александар Стерјовски. За „Младинската перспектива: дигитална трансформација и мотивација на млади корисници“, говореше Викторија Брдаровска, Претседател на Локален младински совет на општина Битола.


[post_tags]