Смртоносниот пајак наречен „Херкулес“ е пронајден и фатен на централниот брег на околу 50 милји северно од Сиднеј.
Експертите за пајак констатирале дека ова е најголемиот машки примерок што може да пробие човечки нокт и што воопшто бил детектиран и фатен.
Сиднејските женски пајаци се генерално поголеми од машките, но не толку смртоносни. Обично се наоѓаат во шумските области и приградските градини на Сиднеј, до краjбрежниот град Њукасл на север и Сините Планини на запад.
Откривањето на „Херкулес“ ќе придонесе за антиотровната програма на паркот за рептили. Оние што се безбедно заробени и предадени од јавноста ќе се подложат на вадење на нивниот отров. Истиот ќе биде неопходен за произведување на противотров.
„Добивањето машка мрежа со инка е како џекпот, “- рече Ема Тени, чувар на пајаци во австралискиот парк на рептили.
Големината на пајакот изнесува 7,9 сантиметри од нога до нога, надминувајќи го претходниот рекордер од 2018та година, дознаваме од изворот и истите го пренесуваат соопштението од австралискиот парк за рептили.
Вистинска среќа. Ќе се спасат многу животи.