Парк Флорал – Фантастично место во срцето на Париз

Џез фестивал во парк во Париз

„Итно лансирање во Париз“ на „ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ“ во Парк Флорал – Ако не друго, барем визуелизирајте!

Парискиот џез фестивал е доживување кое се случува во Цветниот парк во Париз. Пред да се фокусираме на џез фестивалот и да успееме да создадеме една ментална проекција каде би присуствувале на овој необичен настан, преку „мини осврт“ да се запознаеме со паркот.

Имено, цветниот парк во Париз е јавен парк и ботаничка градина. Лоциран е во Боа де Винсен во 12тиот арондисман (кварт) на Париз. Креиран е во 1969 година и останува наследство на меѓународната хортикултурна изложба на цвеќиња како една од четирите ботанички градини во Париз. Најблиската метро станица до паркот е Шато-де-Винсен.

Откако сликата за паркот е восприемена, отворете ги сетилата и замислете„лансирање“ точно во средината меѓу цвеќињата, малите езерца  и звукот на џез музиката. Замислете дека сте во фокусот на главата атракција на парискиот џез. Топла и пријателска атмосфера се сплотува со звукот на традиционалниот и современ џез, вклучувајќи „џез фјужн“ и експериментален џез. Талентирани уметници од целиот свет ги задоволуваат сите вкусови и очекувања.

Ех…Само кога би можеле...

parc floral de paris - џез фестивал во парк де флорал