„Oversized“ модел на фустан плус необичен детал – Одлично парче за жешките летни денови

црвено

После дождот доаѓа сонце нели? Така, веруваме дека на самиот праг се летните жешки денови, па затоа, во продолжение на дамите, им нудиме една интересна модна солуција.

Наш совет е црвената боја која совршено и прилега и на удобноста. Затоа од Pinterest ја украдивме оваа модна идеја на предимензиониран летен фустан кој го следи дрес кодот на удобноста, модерниот street style, а истовремено изгледа и урбано. Она што ја издвојува оваа комбинација од „толпата“ се кратките доголенки со избраниот точкест принт.

Модата е уметност и огледало на она што го чувствувате. Изберете ја страста, моќта и елегантноста на црвената боја.