Превртени канти за ѓубре, отпадоци, смет, нечистотија. Како изгледа градот на конзулите зад „конзулската фасада“? Отпадот во Битола

ВИДЕО - Што правиме со отпадот во Битола? - Градот на конзулите или..?

…И дури се организираат настани, културни збиднувања, се облекуваат скапи алишта, се дефилира на црвениот тепих, се пеат песни, каква е песната зад цело ова сценарио? Што се случува зад завесата и колку тоа влијае на нормалниот живот на граѓаните? Што правиме со хигиената и отпадот во Битола?

Душан Кузевски, дел од you tube платформата Pomelo, се „осмели“ да го евидентира ова во видео запис кој го постира на својот инстаграм профил. Загрижувачка е состојбата околу отпадот. Она што е позитивно е што комуналните служби изреагираа веднаш после апелот. Но, што е тука во прашање? Каде е свеста и културата? Колку и да „глумиме“ даме из Париза, кој аутфит го носиме навистина?

Во продолжение погледнете го видеото на Кузевски. Има нешто да ви каже!