„Вино и Џез“ со Владимир Четкар-Осмо издание на фестивалот со најавтентичен потпис

џез и вино фестивал

Уметност, џез и звук на вино што се точи во кристална чаша…

Една автентична приказна која по осми пат одново ќе ја уживаме. „Вино и Џез“ – фестивал кој зборува за традицијата, добрите и вкусни вина, магијата на уметноста. И сето тоа сплотено во еден пакет. Во посебен уметнички „симпозиум“ низ звуците на македонскиот кантавтор со интернационална кариера Владимир Четкар и Џез-Соул-Фанк Ансамбл.

вино и џез фестивал

Фестивалот ќе го доживее своето осмо издание во Сабота на 29 Јули во 20:00 часот во уникатна локација на „Monastery Winery’“ . Со концепт кој ја поддржува идејата „надвор од урбаното“, во село Опеница, Охридско, организаторите ветуваат фантастична атмосфера што ќе започне со добра храна и посебна винска приказна. Фестивалот, ќе ги отплете сите прашалници за уметноста на правење вино. За деликатната естетика во секоја капка и комплексните ароми од „Monastery Winery“ .

29 Јули, ден со посебен фокус на страста кон виното како љубов, традиција и музичко искуство кое открива нови џез хоризонти.