Една од најмоќните љубовни приказни во светската книжевност повторно оживеа на големото платно. Оркански височини, филмската адаптација на безвременскиот роман, веќе се прикажува во 3D Кино Битола. Носиинтензивна емоција, драма и визуелна убавина.

Сместен во суровиот и магнетичен пејзаж на јоркширските мочуришта, филмот ја раскажува страсната и разорна врска меѓу Хитклиф и Кетрин Ерншо. Љубов што ги надминува општествените норми, времето и разумот. Нивната приказна е исполнета со силни чувства. Со болка, копнеж и судири што оставаат длабока трага и кај ликовите и кај гледачот.
„Оркански височини“ не е класична романса, туку интензивна психолошка драма што ја истражува темната страна на љубовта и последиците од страста кога таа станува опсесија.
Моќната актерска игра и впечатливата кинематографија создаваат атмосфера што целосно го вовлекува гледачот во светот на оваа трагична љубов.
Филм кој се доживува со сите сетила. „Оркански височини“ е задолжителна кино-препорака од 3 Д кино Битола за љубителите на силни приказни и емоционални филмски искуства.
