Полната сала, гласната смеа и балканската енергија повторно се враќаат на големото платно. Филмот „Свадба“ во 3Д кино Битола, ќе се прикаже на 05.02, 06.02 и 07.02.

Приказната е подеднакво смешна, топла и напната. Токму онака како што само Балканот знае да раскаже.

Турканица во 3Д кино за филмот,, Свадба" - Време е за смеење до солзи

Сѐ започнува на роденденот на еден познат хрватски бизнисмен, кој во еден ист ден добива две шокантни вести. Дека неговата компанија тоне и дека е на чекор до банкрот. Додека се обидува да ја свари таа реалност, во канцеларијата му упаѓа семејството со торта, честитки и тамбураши, решени по секоја цена да слават. Но хаосот дури тогаш започнува.

Телефонски повик од Лондон ја превртува приказната наопаку. Ќерката, која студира таму, му соопштува дека е бремена. Уште поголем шок е откритието дека таткото на детето е син на српскиот министер за надворешни работи. Од тој момент, семејната драма прераснува во лавина од недоразбирања, судири на менталитети и ситуации што лесно можат да завршат како дипломатски скандал.

„Свадба“ доаѓа во 3Д кино Битола. Тоа е полнокрвен балкански анти-ром-ком кој маестрално балансира помеѓу смеа и тензија, интимна семејна приказна и политичка фарса. Филмот со многу хумор, но и со доза човечка топлина, ја прикажува апсурдноста на нашето секојдневие и тенката линија помеѓу љубовта и конфликтот.

Доколку сакате филм што ќе ве насмее до солзи, но и ќе ве држи во неизвесност до последната сцена – „Свадба“ е вистинскиот избор. Резервирајте го вашето место во 3Д кино и подгответе се за балканска приказна што долго ќе се памети. Погледнете ја објавата на фејсбук профилот на 3 Д кино Битола и резервирајте го своето место пред големото платно.