ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА НА „БИТ ФЕСТ 2025“

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2025“

Општина Битола, оваа година по 17 пат го организира Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Бит фест 2025!

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата:

– музичка и музичко – сценска уметност

– театар

– ликовна уметност

– видео, фото, филмска уметност

– литература

– фолклор

– нови уметности

– мултидисциплинарни проекти

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 2.500.000,00 денари.

Активностите треба да бидат реализирани заклучно со 31.08.2025 год.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола).

Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.

Со цел, поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат манифестациите и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма.

Организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од Програмата на „БИТ ФЕСТ 2025“.

Потребни документи за пријавување за правни лица:

– Барање (Апликација)

– Копија од Решение за регистрација

– Копија од Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3 месеци

– Изјава од овластено лице на апликантот, дека по реализацијата на активноста до Општина Битола ќе се достават наративен извештај со фотографии и финансиски извештај – докази за направените трошоци (копии од фактури, фискални сметки со сметкопотврди, налози за плаќање од банка) во текот на активноста (Проектот) заверена на нотар (во оригинал)

Потребни документи за физички лица:

Барање (Апликација)

-Изјава дека по реализацијата на активноста до Општина Битола ќе се достават наративен извештај со фотографии и финансиски извештај – докази за направените трошоци (копии од фактури, фискални сметки со сметкопотврди, налози за плаќање од банка) во текот на активноста (Проектот) заверена на нотар  (во оригинал).

Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/bitfest-2025/.

Фотографијата од Битола на насловна | Агим Џело

[post_tags]