Open AI, го претстави новиот алат Sora. Sora ќе прави кратки видео записи од кратки текстуални прашања или фотографии-според компанијата OpenAI. Open AI е позната по својата платформа ChatGPT и генераторот на слики Dall-e.
Најновиот додаток во продуктивниот репертоар на OpenAI, ветува видeo записи со должина од една минута. Ќе се користат само кратките текстуални команди, наречени „промпти“. Додека апликацијата сѐ уште не е јавно достапна, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, објави на платформата X, позната како Твитер, дека компанијата ќе даде пристап до ограничен број креатори во фазата на тестирање.
На овој начин се отвораат разни можности за креирање видеа. Од кратки текстуални прашања или фотографии, но сѐ уште постои загриженост. Најочигледната загриженост е поврзана со безбедноста и квалитетот на на видеата, како и со потенцијалните етички и социјални импликации.
Компанијата изјави дека ќе ангажира креатори од различни области за да ги идентификува можностите и предизвиците поврзани со оваа нова технологија. Тестовите за безбедност вклучувајќи го и red-teaming, ќе бидат од клучно значење пред јавното пуштање на апликацијата.