,,Охридски бисери”- Меѓународен натпревар на млади музичари во најромантичниот град

Охрид е уметност, историја, поезија, песна, бисер со посебен автентичен потпис. Деновиве градот блеска во тоа име со настани кои му прилегаат на најромантичниот град.

Имено од таму ни доаѓаат и музички вести. Станува збор за дваесет и вториот Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ кој веќе е во тек, а истиот ќе се одржува до 18 Јуни.

Под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија и градоначалникот на Охрид, надалеку прочуениот музички натпревар, се одржува во 20:00часот во салата на Општина Охрид.

Млади уметници од десет држави -Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Турција и се разбира, Северна Македонија се натпреваруваат во дисциплините дувачки инструменти и камерна музика.

Компетентната комисија е составена од десет членови , врвни уметници и педагози по флејта, кларинет, обоа, саксофон, труба, хорна од престижни, европски академии. Факултетот за музичка уметност од Скопје неизбежно го дава своето присуство со врвен квалитет.

Звучните професорски имиња како-Детлеф Бансман, Дејан Гавриќ и Петер Арнолд од Германија , Роман Видашчек од Полска, Игор Цецохо од Белорусија/Полска, Јасен Теодосиев од Бугарија и македонските професори Гордана Јосифова -Неделковска , Срашо Темков и Васо Ристов ќе го дадат својот суд и оценка за натпреварувачите.

Најуспешниот ќе има можност да освои парична награда во износ од 1500, 1000 и 500 евра вредност , награди на здруженујата СОКОМ и СМУМ и Фондацијата „Зографски.“

„Охридски бисери“ е единствен меѓународен натпревар од нашата земја, член на ЕМСИ од 2005 во која членуваат педесеттина други од 30 европски земји.
На свеченото отворање, се одржа концерт членовите на комисијата-Јасен Теодосиев и Петер Арнолд на хорна , Роман Видашчек на кларинет и Дејан Гвриќ на флејта.


Општина Охрид на лауреатот , носител на наградата Гран-при му доделува ракотворба филигрански накит, а организаторот на натпреварот доделува вреден накит-охридски бисери.Од особено значење е наградата на Европската асоцијација на музички натпревари ЕМСИ и истата на добитникот му овозможува годишна промоција на веб-страницата, учевства на мастеркласи како и концерти во повеќе европски градови. Меѓу другото, три германски фондации ќе доделат вредни парични награди.“- појаснува Организацискиот одбор на овој натпревар со високи стандарди. “