„ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ“ – Предлог книга во име на месецот на љубовта

ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ

Нурнавме во книжевните полици на Book’s house. Па во име на месецот на љубовта, најдовме совршена книга што би го опишала. „ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ“ е нашиот предлог за вас! Совршена книга за еден прекрасен Февруари.

ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ

Еве што е запишано во краткиот синопсис за книгата насловена како „ОД ЛУКОВ, СО ЉУБОВ“:

Љубов е кога некој ќе ве поттурне затоа што верува во вас кога и самите не верувате во себе.

Ако некој ја праша Џасмин Сантос со кој збор би ги опишала последните неколку години од нејзиниот живот, тоа дефинитивно би бил збор од пет букви.

Поминале седумнаесет години, безброј повреди и прекршени ветувања. Таа знае дека нејзината шанса да се натпреварува во уметничко лизгање е сѐ помала. Но, кога ќе добие животна понуда од арогантниот идиот за кој во последните години мечтае како го турка под автобус во движење, Џасмин можеби ќе мора повторно да размисли за сѐ….Вклучувајќи го и Иван Луков.“