НУ Камерен Оркестар со спектакуларен концерт – Македонска Рок Симфонија во спортската сала Боро Чурлевски во Битола

Минатата вечер, НУ Камерен Оркестар на Битола направи вистинско музичко уживање насловено „Македонска Рок Симфонија“ во спортската сала „Боро Чурлевски“. Концертот беше вистински музички спектакл. Ги потсети сите присутни на извонредната музика и квалитетот кој македонската музика го има. Истиот, го стави македонското музичко наследство на едно друго ниво кое е од непроценлива вредност за нашето општество.

Јужната трибина на спортската сала Боро Чурлевски беше целосно исполнета… А публиката во еден глас со Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет ги пееше најдобрите македонски рок хитови од добропознатите Конкорд, Архангел. Од Леб и сол, Лева Патика, Меморија, Чоканче, Дани, Ареа. Пушти коси, Македонија, Високи штикли, Моја гитара, Чудесен свет… Како и Сите мои слики, На месечина беа дел од песните кои се најдоја на репертоарот на Македонска Рок Симфонија. По повеќе од една деценија спортската сала Боро Чурлевски беше домаќин на концерт. Директорот на НУ Камерен Оркестар на Битола, минатата недела изјави:

„Спортската сала Боро Чурлевски во минатото била домаќин на голем број на концерт. По нејзиното реновирање таа е повторно атрактивна за концерти. Поради тоа,одлучивме по повеќе од една деценија да организираме концерт. Изборот на темата не беше воопшто случаен. Сакавме првиот концерт во спортската сала по повеќе години да биде со најдобрите македонски рок хитови.“ 

За минатата вечер, тој изјави „Мило ни е што јужната трибина на спортската сала минатата вечер беше полна. Нѐ радува фактот што нашиот народ ја сака и ужива во македонската музика без разлика од кој период е. Изразуваме огромна благодарност до сите присутни кои направија минатата вечер да биде незаборавна за нас, а во исто време изразуваме благодарност и до, Министерство за култура, општина Битола и Центар за култура Битола за поддршката овој настан да се случи“.

Македонска Рок Симфонија ќе остане запаметена и ќе се вброи во многуте музички приказни и доживувања на НУ Камерен Оркестар на Битола. За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Оркестар, како и за слики и видео од минатата вечер заследете ги профилите на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ја нивната веб страна https://chamberorchestrabitola.com/ . 

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски