,,Шом не ти чиниТ работата, во хорор жанрот си! ” – Никола Тодоровски во YUGO

Кога Мими му вели на гостинот: „Знајш шо е најубо во Охрид?“, а тој со љубопитство прашува: „Шо е?“, па тој веднаш одговара: „Знакот за Битола“, тогаш знаеш дека те чека епизода полна со хумор, самоиронија и битолска доза на шарм. Токму она што YUGO најдобро го сервира.Никола Тодоровски – актер, познат стендап комичар, охриѓанец (меѓу другото со пасат караван и три деца багаж) е гостинот во најновата епизода на Мими JUGO.

Имено Тодоровски има долгогодишно искуство на сцената. А во југцето гостинот евоцира спомени од стендап почетоци во бар ,,Лектира” во Битола во 2012 година, до глумење во „Македонски народни приказни“ и разни театарски проекти. За Охрид Никола Тодоровски вели дека му е најдрага база. А успат речено, иако таму се живее од издавање соби, Никола не издава – за себе ги чува.

Никола Тодоровски

Тодоровски раскажа и анегдота од приемниот во Софија и самиот упис на тамошниот драмски факултет. Уше на старг, му рекле „Заповјадај“, а тој се збунил: „Шо да заповедам сега?“ Всушност, тоа значело – „повели“. Меѓу муабетот, актерот скромно призна дека во Скопје не го примиле на факултетот за драмски уметности… Вели, не им „легна“ појавата изгледа. Затоа, подоцна, после студиите и дипломирањето, во Бугарија му понудиле и работа. Но, сепак Никола повторно се вратил во Охрид. Затоа што срцето таму го влечело.

Шо се,, тиче” до кариерата, вели дека може да се живее од стендап… Ама треба работа, оригиналност и да ти „запали кецот”. Затоа Никола работи турбо. Па веќе има планови за Самар Комеди Фестивал, што ова лето ќе се одржи по седми пат во Охрид. Актерот, не застанува тука. Амбициозно работи и на англиски, се идентификува со професијата, и вели:

„Ако не ти е убо на работа, тоа веќе оди кај хорор жанрот.“

А ко сме кај хуморот, би го издвоиле и моментот кога гостинот искоментира за водата шо ја испи кај Мими: „Ова е поинаква вода! Спонзорска, најуба, битолска. Очекувам и шишарка од молика внатре да најдам!“

За крај, Никола искрено ги пофали битолчани. Многу респект за нив, кои, според Тодоровски, се најубави луѓе. Разговорот продолжи со смеа, разбирање и вистински „битолско-охридски мерак“. Погледнете го видеото погоре во текстот и уживајте.

[post_tags]