Од југото на Мими моќна порака: ,,Никој не е имун на љубов!”

Најново видео во олдтајмерот и мотивирачка порака од југото на Мими.

Омилен на социјалните мрежи. Колиште шо се ми се чини сите потајно го посакуваат. Е тој е моментот да напрајш од ништо нешто. Али од навидум ништо. Се си изгледаше онака ок. Просечно. Мими има југо и толку. Ама Мими имаше голем сон од то навидум ништо или малку. Причината ради која шо успеа и стигна и на time.mk да е главен, секако е неговата верба и љубов кон она што го работи. И не за џабе тро ја драмиме во интрото. Од југото на Мими, во најновото видео излезе моќна порака.

Имено гостин во оваа емисија е Клаудија Лутовска, успешна деловна жена, со бизнис идеологија дека треба да се работи тоа што се сака.

Ако се сака, успехот е неминовен. Но, ако го работите тоа што не ви е по волја, брзо бегајте од тоа место.

Како портал со искрена намера да ја разбудиме свеста од што повеќе аспекти, се припојуваме на погорекажаното и заклучуваме оти животот е премногу краток. Реално и нема баш временце за одложвање, лажење на себе си и другите. Времето е она единственото нешто кое не лажи. Има минато, сегашност и иднина и то е факт. Нема никаква лага. Наше e каде сакаме да се најдеме. Да се враќаме, да заглaвиме или да одиме напред?

Клаудија во дел од муабето алудираше баш на тоа и го раскажа нејзиниот кариерен пат. Започнала како професорка, работела како P. R. , а извесен период била и новинар. Денес е во делот за развој на бизнис секторот, работејќи за поддршка на фирми, иновации.

Во муабетО во југото на Мими, Лутовска зборува за нејзината сегашна работа, а пошо нас не зсинтересира делот каде во нејзиното сиви стои ,,новинар”, го запамтивме ова: ,,Новинарите во Македонија се на добро ниво, но не се на завидно ниво!” вели гостинката. Информациите не се проверуваат и сето тоа станува хаос од копирани текстови кои пласираат феик содржини.

,,Тоа е лошо за самата редакција се разбира” , додаде гостинката.

Ние апсолутно се согласуваме со ова и ја поддржуваме Клаудија и нејзината констатација во целост. Каде е автентичноста, писменоста, точноста, навременоста од страна на новинарите? И каде е вистината и дрес кодот на едно лице што стои зад текстот кој може да доздаде тотален хаос и вистинска параноја кај народот. Каде е и што навистина значи истражувачко новинарство? (По наше попара е работата, али то е.. Си ќутиме и тераме. Не вози тркалото и ни останва уше тро да покукаме)

Инаку, за нејзиното работење, Клаудија забележа оти првата работа е знаење, а втората работа е менаџерскиот дух и духот на тимот.
И да не должиме многу, убај муабети се кажаја и мотивирачка порака излезе од југото на Мими. ,,Никој не е имун на љубов и… Се што е направено со љубов, е направено добро! “

П. С. Настрана од се, Мимс упати апел до таксистите. Ќе го испоштоваме и тука ќе го напишиме:,, Не вртете на две полни ве молам! Значи зошто кога има раскрсници!

П. С. 2 : Јако е шо ние стално го зафркаваме Мими оти климата му е рачна, ама вистината друга е. И ние ко бевме гости во југцето, имавме чувство оти е жешчиње горешчиње иако надвор беше замрзнувачка и на пингвините ,,да пукни” му праевме од зад шофершајбна. Шо значи, Мими нема клима на дугме. Али има парно и еднаш дува топло, еднаш ладно. Овај пат на топло се пушти. И богами и гостинката се ,,лепи ” на нашио муабет и констатира оти за џабе се облековме како БАБАРИ ко внатре е пЉус 50.