„Незаборав“ „ги трогна битолчани“ со фолк мотивот во забавниот мелос од „Интерфест“

незаборав

„Незабарав“ „ги трогна битолчани“ со фолк мотивот во забавниот мелос од „Интерфест“

13 тото издание на манифестацијата „Незаборав“ се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола на 5ти јули во организација на Панде Димитровски. Содржинскиот забавен мелос со фолк мотиви изведени на „Интерфест“ – (1992-1996) ги освежи сеќавањата како на битолските пејачи-изведувачи, така и на многубројната публика која преку аплаузот го изрази своето огромно задоволство.

Вреди да се напомене дека на овој фестивал од 45 автори, 25 биле од Битола.

Концертот во музичка придружба на групата „Гром“ и маестро Кирил Стојчевски на клавијатура и хармоника е отворен со рецитали на Силвана Петровска Насух. Првиот изведувач, Виктор Апостоловски настапи со песната  „Матурска вечер“ .

На сцената блеснаа изведбите на  битолчанката Билјана Дамјановска – Јанчевска , битолчанката Дона Петрова, Раде Стаматов.

За сите оние автори кои не се повеќе меѓу нас, оддаваме бескрајна почит.  Нивните имиња никогаш нема да се заборават: Мирко Лозановски,  Томе Новачевски, Пеце Митревски -Митрата, Благој Петровски-Штука, Миле Шерденковски, Драган Каранфиловски-Бојс, Ѓоко Ѓоргиев.

Се аплаудираше и за авторите кои создавале музика за „Интерфест“- Кире Костов, Петар Ѓеоргиев-Калица, Славе Димитров, Раде Стаматов, Мариан Неќак, Валентин Соклевски, Миодраг Нечак, Емилија Сарафска, Петар Горко. Во незаборав ќе останат изведбите и на Билјана Дамјановска, Виолета Томовска, Каролина Гочева, Маргарита Христова, Сефедин Бајрамов, Олгица Христовска…групите- „Боеми“ и  „Буба Мара“.

Химната на „Незаборав“ е во изведба на сестрите  Билјана и Виолета Трајковски од авторот Мирко Лозановски а според текст на Валентин Соклески . Во 1993 година ја изведе Маргарита Христовска. За спомените на „Битлси“ пееше Бојан Стојков напишана од Калица. Истата  во 1992година ка пееше Петар Христов . Стојков ја изведе и песната „Простено ти е“. Следуваа иведби на групата „Боеми“. Завршница на вечерта дадоа таткото и ќерката Игор и Ангела Илиевски од Битола како вистинско изненадување за публиката. Во „претходницата“ на изненадувањето, Насух со својот рецитал ги допре срцата на публикумот и предизвика наплив на емоции.

Фото: Сашо Ставрев