Неверојатно! Ел Двајт летна во вселената! Конечно го оствари својот сон. Ел Двајт, 90-годишниот маж е првиот црн кандидат за астронаут. Избран е од претседателот Џон Ф. Кенеди во 1961 година. Вредеше да се чека повеќе од 60 години. Иако никогаш не беше избран за мисија од НАСА, Двајт никогаш не се откажа од својата амбиција да оди во вселената.
Ел Двајт, 90-годишниот пионер стана најстариот човек кој некогаш отишол во вселената, благодарение на леталото Blue Origin. Шестчлениот екипаж на леталото стигна до работ на вселената и безбедно се врати на Земјата со падобран. Двајт беше бестежински неколку минути што тој го опиша како „искуство што го менува животот.“
„Мислев дека ова навистина не ми треба во животот. Но, сега сфатив дека морам…Воодушевен сум“ – изјавил Двајт возбудено откако излегол од капсулата.
Краткиот десетминутен лет од Западен Тексас го направи Двајт новиот неверојатен човек во вселената, речиси два месеци постар од Вилијам Шатнер, актерот од „Ѕвездени патеки“, кој полета во 2021 година.
Оваа неверојатна непрекината надеж е инспирација за многумина. Со својот лет, Ед Двајт испрати порака дека соништата навистина можат да станат реалност, без оглед на пречките. Сите погледи на светот беа вперени во овој неверојатно храбар човек кој покажа и докажа дека годините се само бројка кога скаш нешто толку силно.
Неверојатната приказна на Ел Двајт ќе остане запишана со златни букви во вселенската историја.