Змиите можат да предвидат земјотрес, астронаутите стануваат повисоки во вселената! – Неверојатни факти

neverojatni fakti неверојатни факти

Мислиме дека ја знаеме нашата земја, ги знаеме сите неверојатни нешта и факти за светот кој не опкружува, но секогаш постои нешто кое може да не изненади.

Во редовите што следат, прочитајте ги овие неверојатни факти и неверојатни статистики. Нурнете во „текстот“ и визуелизирајте. 

Лего мини фигурите имаат најголема популација на Земјата!

Кога овие шарени  фигури би оживеале, луѓето би биле „мала публика“ како сведок на нивната креативност.

лего коцки неверојатни факти
nverojatni fakti

Змиите можат да предвидат земјотрес!

Овие суштества што се лизгаат по земјата, имаат шесто сетило и способност да го почувствуваат престојниот земјотрес , пет цели дена пред да се случи!

Кога би биле змии, навреме би се евакуирале и би се ослободиле од дистресот.

Астронаутите стануваат повисоки во вселената!

Каква е оваа мистика? Кога астронаутите влегуваат во вселената, недостатокот од гравитација им овозможува на нивните  рбети да се истегнат и ги прави повисоки. И можеби има и нешто друго што допрва ќе го дознаеме. Само кога би посегнале по ѕвездите, најверојатно не би се вратиле на Земјата.

astronauti neverojatni fakti
неверојатни факти

Во животот минуваме една година во тоалет !

Природна потреба секако, ама толку време да ни одзема?! Што сѐ не друго ќе направевме во таа година. Да бидеме искрени (особено ова важи за мажите), изгледа дека тоа е време за интроспекција, длабоки мисли и сознанија.

Роденденски парадокс!

Постојат 50% шанси две лица да го споделат роденденот во група од 23 луѓе.

Веројатноста е голема дека ќе ја споделите радоста на роденденот со некое друго лице кое истовремено го слави својот роденден. Ако се наоѓате во група од 23 луѓе. Дупла радост, поголемо задоволство.

Можеби математичарите ќе не изненадат и со тројно и повеќе бројно славење.

неверојатни факти роденден

Морските лавови „држат ритам“!

Морските лавови се единствените животни кои можат да плескаат во ритам!

И не би било зачудувачки да имаат и омилена мелодија. Веројатно и овој податок ќе го апсорбираме како нешто нормално или повторно ќе се чудиме! Којзнае.  

Извор