Се верува дека оваа ноќ, се отвара небото и се исполнуваат сите желби. На полноќ, кога сказалките ќе покажат 12 часот, во Богојавленската ноќ може да се исполни секое чудо!
Оваа приказна сама по себе е навистина волшебна, особено поради фактот што според преданието, е задолжително погледнување во небото точно на полноќ. Тој е вистинскиот миг кога ќе се слушнат вашите молитви и желби.
И за овој празник се врзани многу верувања. Се вели дека ако северниот ветер е присутен, ќе имаме здрава година. Имено, денес е зимскиот Крстовден, ден кој се прославува пред Богојавление. Ова е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.
Вечерва отворете го ширум вашиот прозорец и посакајте нешто силно. А небото? Тоа ќе ги слушне вашите желби само ако доволно верувате!