-Театарот е вселена полна со противречности, дуалности и двојности кои тежнеат кон хармонија … – Не потсетија актерите Никола Стефанов и Илина Чоревска во улогата на водители кои не водеа низ автентичен музичко-сценски перформанс по повод 79 роденден на Народен Театар Битола.
-Затоа сме тука да создаваме, да креираме твориме еден единствен, неповторлив и магичен свет… А тоа е светот на театарот… На оваа сцена поминале многу парови, успешни и неуспешни… Парови обични и необични…Парови на сцена, но и во приватниот живот…“ Вчеравечер пред преплна сала, Народен Театар Битола го прослави својот 79 роденден.
Музичко-сценскиот перформанс „Парови“ не движеше низ времето, настаните, сцените кои се случувале над штиците што живот значат.
Актерите одлично ги изиграа своите улоги. Токму таа симбиоза од различните генерации на целиот ансамбл, создаде уште едно неповторливо искуство на кое долго ќе се сеќаваме.
Како публика уживавме во изведбата и им го честитаме нивниот роденден. Се слушна музика од светот, музика што извира од театарското грло и те враќа назад. Толку назад, во мигот кога си се вљубил во оваа сцена што продолжува да освојува. Што секогаш поентира една реплика што ја слушнавме после изведбата во фоајето. „Реплика“ на бардот на македонското театарско глумиште:
…Театарот е… (а потоа подзастана како да имаше толку многу зборови кои сепак се сместија само во еден збор) МАГИЈА! Заклучи доајенот Борис Чоревски.
Фото-print screen Bitola news