Само за оние кои сонуваат да бидат надвор од строгиот деловен кодекс. Ова е најубавата канцеларија во светот
Изгледа дека светот се повеќе преферира работа во услови кои ќе го релаксираат работникот. Според сите истражувања, продуктивноста е зголемена доколку работите во пријатен амбиент кој одговара на вашиот вкус. Можеби токму затоа и просториите на google секогаш се земаат за пример за тоа како треба да изгледа најубавата канцеларија во светот.
Сепак, не зборуваме за google, но инспирирани од него истражувајќи идеален деловен простор, го сретнавме изворот кој ни ја претстави навистина најубавата канцеларија во светот.
Имено, добро познатата шпанска архитектонска компанија, SelgasCanо е основана од архитектите Хозе Селгас и Лусија Кано.
Тие се познати по нивниот иновативен пристап кон архитектонскиот дизајн и создадоа уникатни и воодушевувачки проекти. Најпознатиот технички проект е дефинитивно, најубавата канцеларија во светот, „SelgasCano Office“.
Изградена е во шумски предел во близина на Мадрид и се издига меѓу дрвјата. Овој архитектонски проект е унукатна средина која се спојува со природата. Користи многу стакло за да обезбеди поглед на околната природа. Работниот простор се состои од само една просторија од 72 метри квадратни.
SelgasCano има креативен и авангарден пристап кон архитектурата и токму затоа е предмет на интерес и внимание во архитектонската заедница.
Замислете да работевте во ваков амбиент? Ќе бевте ли попродуктивни, организирани и можно ли е да го засакате уште повеќе она кое го работите во моментот? Според нас, амбиентот е релевантен, па така доколку имате едноставен и монотон простор, пробајте да го разиграте и дадете му душа на ентериерот. Во продолжение погледнете плус идеи кои ние ги сретнавме на pinterest и доколку вашиот следен „проект“ зборува за уредување на вашиот деловен простор кој сакате да изгледа како да се наоѓате во природа, инспирирајте се.