Бела и „браун“ – Микс кој го импресионира модерниот ентериер

Во моментот, „микс на бело и кафеаво“ е апсолутен тренд во светот на модниот ентериер.

Во зависност од количината на „кафеавото“, бежовата боја делува како „топла или ладна“. Така, соодветно го прилагодуваме размерот во комбинација со други бои во насока на визуелен ефект.

Светлите бои даваат ефект на „отворена просторија“ . Со тоа и најмалиот простор изгледа поголем и создава чувство на комфор во самиот ентериер. Материјалите за декорација кои би можеле да одговараат на оваа исклучително пријатна боја се: дрво, волна, филц и коноп. Бежовата асоцира и на бохо стил кој има посебно место во однос на идеите за дизајнирање на ентериерот.

бежова боја во ентериер

Скандинавскиот стил е многу интересен. Тие го комбинираат нежниот тон на бојата на жалфија со беж нијанси на префинети предмети и си играат со различни структури како завеси, постелнина или теписи.

Бежовата боја е исклучително елегантна во комбинација со црна и кафеава боја. Скапоцените метали-злато и сребро во форма на свеќници се додаваат во амбиентот со што се добива подлабок и побогат елегантен изглед кој воодушевува.