Швајцарија ги има сите суперлативи на планетата Земја-НАЈ земја за живеење и во 2023 година
Швајцарија е рангирана за најдобра земја во светот за живеење според U.S News. Втора година по ред и вкупно шести пат, Швајцарија ги потврди своите квалитети на живот. Таа е најубавата земја за живеење во 2023 година.
Швајцарија ја нарекуваат земја на медот и млекото. Она што ја прави Швајцарија земја од соништата, е моќта на колетивната свест. Умовите на луѓето што живеат на нејзиното тло, функционираат како едно големо тело. Луѓето што биле таму и го вкусиле нејзиниот квалитет, вака раскажуваат:
„Во Швајцарија, кога се доближувате до пешачкиот премин, возилото застанува оддалеку. Нивниот претседател оди на работа со воз. Повеќето граѓани во Швајцарија разбираат и германски и англиски и француски и италијански. Швајцарците работат 35, 2 часа неделно во просек според Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД. Нивниот здравствен систем „Santésuisse“ не дозволува „чекање“ на амбулантните седишта. Швајцарците знаат дека времето е скапоцено и не го трошат залудно. За нив скијањето и прошетките околу езеро се најпаметно поминато време. И никој не го прави толку добро чоколадото како во Швајцарија“.
Швајцарија е рангирана за најдобра земја во светот за живеење според U.S News. Втора година по ред и вкупно шести пат, Швајцарија ги потврди своите квалитети на живот и во 2023 година. Особено се истакна во претприемништвото и отвореноста за деловни и социјални цели, стабилноста на образовниот систем . Она што Аби Картер (писател, уредник и content marketeer) го подвлекува за Швајцарија, на веб локацијата lam expat, е и цитатот на Дејвид Рот, птретседател на WPP BAV, компанија вклучена во составувањето на рангирањето: „Константниот успех на Швајцарија во рангирањето на најдобрите земји не само што ја истакнува нејзината претприемачка сила, квалитетот на живот и позитивниот глобален имиџ, туку ја нагласува и нејзината трансформација кон економија длабоко вкоренета во науката и прецизната технологија.“
Според изворот како користена референца во нашата рубрика, извршниот уредник на U.S News, Морган Фелхнер објасни дека економијата на една нација како и нејзиниот потенцијал за успех во клучните области како што се трговијата , патувањето и инвестициите, делумно зависи од тоа како се перцепира глобално.
Ако сте ја доживеале и искусиле Швајцарија, вие сте богати луѓе.