Минимална стапка на насилство – ова е најбезбедната земја во светот!
Иако е 21ви век, за жал насилството сеуште е актуелно. Така, колку и да зборуваме дека оваа тема треба да биде табу, дека сме развиени во поглед на свеста и напредни во секоја област, тоа сеуште постои и можеби денес, се повеќе се случува. Се некако го апстрахираме стравот од војни, но веројатноста дека не сакаме да размислуваме околу темава е голема. Иако секојдневно гледаме и слушаме лоши вести. Вести поврзани со насилството на општествено ниво. Постојат испитувања за безбедноста во светот. Која е најбезбедната земја, во светот, кои места се најнебезбедни со висок степен ан насилство и секако каде се наоѓа Македонија во тој поглед.
Според овогодинешното рангирање на „Глобалниот индекс на мирот“, оваа островска земја е прогласена за најбезбедно место во светот. Индексот анализира различни фактори. Со цел да се оцени безбедноста на земјите, тука се вклучуваат нивото на насилство, меѓународни конфликти, тероризам, криминал.
Имено станува збор за Исланд, остров во Атлантскиот Океан. Исто така измерена и стапката на владина корупција кој укаува на фактот дека на ова место има стабилното политичко опкружување. Високиот животен стандард е уште една поволност за жителите. Здравствената заштита е повеќе од пристапна што исто така придонесува за благосостојбата и безбедноста на оваа земја.
На второто место е рангирана Данска со докажано ниско ниво на владина корупција, а Ирска е трета.
Што се однесува до Балканот, Словенија е на 8 место, потоа Хрватска е на 14 место. Според овие проценки, замислете Македонија е на 38 место пред Црна Гора која го има 45 место, Босна и Херцеговина која е на 61 и Србија – 65 место.
Најнебезбедни пак, се сметаат земјите како Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан кои се соочени со војна, политичка нестабилност и широко распространето насилство.