Национален ден на „мрзливата мајка“! – Во светот се празнува и ваков ден

мрзливата мајка

Првиот петок од септември во светот се празнуваше како „Национален ден на мрзливата мајка“!

Мајчинството е слатка и напорна работа. Всушност, овој национален ден на мрзливата мајка нема намера да го прослави денот на мрзеливоста. Напротив! Ги охрабрува вредните мајки да одвојат време за себе затоа што работата на мајката никогаш не е завршена.

Денес, веројатно сите сме свесни дека сосема е во ред, мајките да можат, смеат и имаат право да си дозволат барем најмало опуштање и лежерност. Тоа не значи дека ова ги прави мајките помалку вредни и мрзеливи.

мајка

Релаксацијата има голем број на придобивки кои се поврзани со меморијата и мирниот сон. На редовна основа ја намалува анксиозноста и ја зголемува енергијата. За да се избегне синдромот „burnout“ и таа работна исцрпеност, бројни истражувања од психолози и медицински лица, потврдуваат дека мајката е пофункционална доколку си го дозволи тој краток одмор.

мрзливата

-На овој ден не треба да се занимавате со домашна работа, вели „светот“ Можете да ги измиете садовите утре, а обврврските околу сите планирања за деновите што следат, оставете ги за друг ден.

Ние, би додале: Не мора да го чекаме овој ден за да се одмориме! Разбудете се и конечно разберете дека можеби вашиот приоритет е вашето семејство, но нивниот приоритет сте токму вие! Затоа, не ретко апелираат: Здрави мајки – здрави деца!