Наскоро нова премиера на НТБ – ,,НА ДНОТО“ во режија на Ќендрим Ријани

НА ДНОТО

Битолскиот народен театар неуморно работи. Наскоро публиката ќе има можност да проследи уште една премиера. Станува збор за претставата ,,НА ДНОТО“ од Максим Горки.

НА ДНОТО

Претставата е во режија на Ќендрим Ријани, докажано име во театарскиот свет. Eден од најпрогресивните театарски режисери на нашата сцена во последните неколку години. Ќендрим Ријани се зафаќа со важни теми, големи драмски текстови и ни пренесува пораки низ светската драматургија.

Со оглед на фактот дека екипата е пол погодок, очекуваме добра премиера што ќе ги задоволи апетитите на публиката и не се сомневаме дека „На дното“ ќе заслужи громогласен аплауз.

Премиерата ќе се прикаже на 16.04.2024 г. со почеток во 20.00 ч.