Горан Трајкоски го носи ПРЕМИН 25 – нов музички проект со Камерниот оркестар – Битола, под водство на маестро Владимир Димовски… Гласовите на Тања Царовска, Ана Митоска и Петар Христов.
ПРЕМИН 25 е во организација на КИЦ Битола. Поддржан е од НУ Центар за култура, како и Народен театар – Битола и Општина Битола. Овој музички проект е автентична сензација.
Ќе се одржи вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура во Битола, а влезот е слободен.
Претставувајќи го звукот на македонскиот немир, оваа музика се движи на работ – меѓу традиција и револуција, меѓу мит и контемпорарија. Трајковски е автентична креативна фигура. Во ПР текстовите, се зборува дека ова е настан кој нема да биде само концерт, туку сценски чин што зборува со тишина со музика, со гласови, со движење.