„Gotye“ – Ѕвезда на еден хит што не заработи ништо од својот успех. „Somebody That I Used to Know“ е издадена пред 13 години. Стана еден од најголемите светски хитови со над 2,3 милијарди прегледи на You Tube. Но, човекот кој стои зад оваа незаборавна мелодија, Gotye, одлучи да избере животна патека подалеку од светлата на рефлекторите. Денес, тој е познат како „пејач на еден хит“. А интересната ситуација е што, иако песната го освојуваше светот, тој речиси ништо не заработил од неа.
Неговото одбивање да дозволи реклами да се прикажуваат пред песната на You Tube му одзело можност за заработка. Во интервју за австралиските медиуми во 2017 година, Gotye, открил дека никогаш не бил заинтересиран за продажба на својата музика. Дека неговата фокусираност била на креативноста, а не на пари. „Рекламите не ме привлекуваат“ – рече тој. „Помислив дека има повеќе смисла да се фокусирам на креативни работи, наместо на судови и адвокати.“ Многу повеќе од тоа, избрал да не ја лиценцира песната „Somebody That I Used to Know“ за комерцијални проекти како што се филмови и телевизиски реклами. Неговото верување е дека музиката треба да биде достапна за креативни проекти без разлика на финансискиот аспект. Gotye им дозволил на студенти по филмска уметност и млади уметници да ја користат песната бесплатно. „Не ми пречи што мојата музика се користи во креативни проекти“, изјавил Gotye.
Дополнително, тој му платил хонорар на секој музичар кој придонел во создавањето на песната од причина што значителен дел од неа е заснован на други песни. Така, на крајот од сите овие креативни одлуки, заработката од песната не била многу голема за него.
Иако Готи беше глобален успех, тој се повлече од јавниот живот и не планираше да стане поп џвезда. Наместо тоа, се повлекол за да се посвети на други уметнички проекти и да основа независна издавачка куќа додека паралелно бил активен и во бендот „The Basics.“
Светот го ценеше неговиот став, а и денес, многумина му се восхитуваат за тоа што парите никогаш не му биле приоритет.