Eкстравагантниот дизајнер Muamed Malikowsky во уникатно модно издание на ромскиот бал во Скопје

Eкстравагантниот дизајнер Muamed Malikowsky во уникатно модно издание на ромскиот бал во Скопје

Саботата „Александар Палас“ беше местото каде се одржа 45тото издание на гламурозниот настан „Ромски бал“. Балот со гордост ја носи титулата на моден настан што го препознава светската модна публика. Оваа посебна модна приказна, ја промовира ромската култура и традиција.

Ултимативниот луксуз на модата е во автентичноста. Модниот дизајн треба да раскажува посебна приказна… А самиот креатор треба да знае да ја носи и да ја пренесе пораката на моделот. На едно место во Скопје се собраа гости од сите страни на светот. Од поранешна Југославија, гости од европските земји, од Америка.

Модните дизајнери ги претставија своите уникатни парчиња, а нам фокусот ни го долови екстравагантниот дизајнер Muamed Malikowsky. Во елегантен црн костум со „златни“ детаљи на едно рамо дополнето со долги „златни“ ракавици, Маликовски привлече внимание и ги украде погледите од присутните. Смелите дизајнерски парчиња на Муамед дигнаа прашина во гламурзната хала на Александар Палас и нашиот битолчанец го оправда рејтингот на неговиот реномиран моден бренд со спектакуларни креации, вечерни тоалети и гламурозни фустани за дамите, како и нетипични и маркантни одела за мажи.

Имено Муамед е познат по својата уникатна и често екстравагантна модна естетика. Истата го сместува меѓу најистакнатите дизајнери во Македонија и пошироко. Споредувајќи ги неговите креации со познатиот Зухаир Мурад, битолчанецот Muamed Malikowsky го трасира својот пат кон модните успеси и продолжува да освојува врвови.