Морничавиот Јапонски Феномен – Илјадници Луѓе Испаруваат Без Трага! Секоја година, помеѓу 80 000 и 100 000 луѓе во Јапонија исчезнуваат – без полиција, без објаснување. Овој феномен, познат како Џокацу (johatsu), што значи „испарени“, е темната страна на едно наизглед совршено општество.
Морничав Јапонски Феномен
Под притисок од долгови, семејни конфликти, работен стрес или чувство на срам, луѓето сами избираат да исчезнат и да започнат нов живот некаде далеку, целосно бришејќи го својот претходен идентитет.
Во ова бегство, честопати им помагаат специјализирани фирми наречени „yonige –ya“ или „ноќни преселби“. Тиепод мрак и дискретност им помагаат на клиентите да најдат ново живеалиште, да ги избришат своите дигитални траги и да се претворат во духови. Цените за овие услуги варираат – од околу 450 до 2 600 долари – во зависност од обемот на помошта.
Јапонската полиција ретко интервенира, освен ако нема докази за криминал, а семејствата често немаат пристап до податоци што би можеле да помогнат – поради строгите закони за приватност.
Постои дури и литература што учи како совршено да „исчезнете“ со наслови како: „Совршено испарување: Ресетирај го животот“ и „Прирачник за целосно исчезнување“.
Џохацу е повеќе од исчезнување – тоа е синдром на прегорување, срам и потреба за бегство. За некои – нов почеток. За други – непреболена загуба. За трети – ова е морничавиот јапонски феномен.