Муслиманите во Битола денес го празнуваат Курбан Бајрам. После утринската молитва се одржа и бајрамската молитва во сите битолски џамии.
Главната молитва денеска во Битола се одржа во Исшак Челеби џамијата предводена од имамот Орхан Демири.
Молитвата значи сплотување, зборува за современиот човек кој треба да се врати кон вистинските вредности, да се врати на душевниот мир, моралот.
Молитвата значи заедништво, благодарност, соживот, зближување.
Во продолжение погледнете фотогафии и како изгледаше утринската молитва низ фокусот на Агим Џело.