Авангардни и надреални дизајни се епитетите кои му прилегаат на италијанската модна куќа Скиапарели. Имено оваа модна приказна е основана од 1927 година од Елза Скиапарели. На модната недела во Париз една од манакенките која продефилира на модната писта во Париз на ревијата на брендот Скиапарели, беше Кендал Џенер и очигледно го украде шоуто. Џенер, се појави во необичен екстравагантен фустан.
Комбинацијата од корсет во боја на кожа со нагласени колкови и извезени детали на долниот дел одлично и прилегаше на згодната девојка. A на својот профил над нејзината објава, таа го опиша фуистанот како „фустан од соништата“.