На 25-ти јуни, во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, по втор пат скопјани ќе уживаат во музичкиот спектакл, фестивал насловен како „Модерно Скопје“.
И ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство со најдобрите македонски артисти. Исото, ќе биде со слободен влез и ветува богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле.
„Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе и го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.
Влезот е слободен за сите посетители.