Модата е минлива категорија во времето и просторот, стилот е надвор од времето и просторот. Модата ги менува своите имиња, а стилот е автентичен. Стилот е она што ја прави личноста уникатна, без истата да зависи од името на модниот тренд. Стилот е облека на умот. А умот е тој што ги создава модните случувања.
Во продолжение ви нудиме цитати од умовите што создадоа вонвременска стилска естетика. Безвременски лекции за модата и стилот!
„Младите девојки треба да научат дека да се биде секси не значи да се биде гол“ – Марк Џејкобс
„Облечете се обично и тие ќе го паметата фустанот, облечете се уникатно и ќе ве паметат вас.“- Коко Шанел
„Отсекогаш верував дека поентата на модата не само да ги направи жените поубави, туку да им даде самодоверба и да ги направи посигурни во себе“- Ив Сен Лоран
„Облеката не значи ништо додека некој не живее во неа“ – Марк Џејкобс
„Она што го носите ве претставува пред светот, особено денес кога човечкиот контакт е многу активен и брз. Во моментов – модарта е инстант јазик што секој го разбира.“ – Миуча Прада
„Единствената вистинска елеганција е онаа во главата, ако ја имате таа, сѐ друго тече од неа.“ – Дијана Вриланд
„Купете малку, одберетe добро и направете го сами.“ – Вивиен Вествуд
„Најдобрите работи во животот се евтини, а другите најдобри работи се многу скапи.“ – Коко Шанел
„Никој не може да биде overdressed ниту underdressed со мал црн фустан.“ – Карл Лагерфелд
„Не грижете се за трендовите, не дозволувајте модата да владее со вас. Одлучете што и кои сте, што сакате и изразете го тоа преку облеката што ја носите и начинот на кој живеете.“ – Џани Версаче