Досега непознато дело на Моцарт е пронајдено во библиотека во Лајпциг

Моцарт

Непотпишаниот запис „е сочуван во еден примерок, во којшто атрибуцијата на авторот посочува дека делото е напишано пред првото патување на Моцарт во Италија“, се вели во описот.

Се претпоставува дека делото е создадено кога Волфганг Амадеус Моцарт бил тинејџер. Истото е откриено во библиотека во градот Лајпциг во Германија.

Моцарт

„Многу мала ноќна музика“ (Ganz kleine Nachtmusik) е насловот кој се споменува во каталогот „Кохел“. Всушност, составувајќи го ваквиот каталог во кој ќе биде комплетната листа од најдобрите музички дела на композиторот, истражувачите го откриле оваа до сега неоткриена музичка брилијантност.

Сепак, како што наведува, новооткриениот ракопис не е на самиот Моцарт, туку се работи за препис направен околу 1780 година. Непотпишаниот запис „е сочуван во еден примерок. Во истиот,атрибуцијата на авторот посочува дека делото е напишано пред првото патување на Моцарт во Италија“, се вели во описот.

Композицијата ја изведе гудачко трио на откривањето на новиот каталог „Кохел“ во австрискиот град Салцбург. Во Германија премиерно ќе биде изведена утре во операта во Лајпциг, пишува „Гардијан“. (МИА)