Мистериозна порака во шише испливала на другата страна од океанот

шише порака

Еден убав сончев ден, (всушност како што обично започнуваат сите убави приказни), Френк Болгер од Вајлдвуд – Њу Џерси, чистејќи  го ѓубрето на плажа бил во друштво со неговата сопруга и внука. Во еден момент, пронашле нешто што им го променило текот на денот. Минијатурно шише со мистериозна порака:

Поздрав од Ирска.

Во истиот момент, Болгер решил да ја пронајде личноста која ја испратила оваа „писмена содржина на таинственост од само три збора“. Кој го испратил минијатурно шише со мистериозна порака? Истрагата започнала.

Целата приказна набргу „доби на тежина“ и привлече големо внимание. Магичната врска преку океанот стана реална. Се појави девојка која го носи името Ифа Брн и живее во Бреј, Ирска. Ифа била авторот на мистериозната порака. Откако нејзиниот татко ја видел веста за откривањето на пораката на телевизија, Ифа дознала дека таа е личноста по која се трага и решила да го контактира Американецот преку е-пошта.

Од другата страна, американецот, за да ја потврди автентичноста на ракописот во шишето, ја замоли Ифа да му испрати слики и неколку примероци од нејзиниот ракопис. Потоа следеа телефонски разговори и размена на приказни.

Оваа приказна  ни ја доловува магичноста на овој свет. Некои настани  се случуваат непланирано. Чуда се случуваат спонтано, па дури и преку океан. Во продолжение, погледнете го видеото.