Во Тбилиси (Грузија), во елитниот хотел BILTMORE, на изборот за MISS TOP MODEL EARTH 2023, минатата седмица, две девојки од Македонија се закитија со титули.
Титулата-Втора придружничка на MISS TOP MODEL EARTH 2023 ја освои Сара Дојчиноска и титулата Четврта придружничка ја освои Белисима Лукарова. Победничката на изборот е девојката од Украина , а Прва придружничка, девојката од Казахстан.
Оваа унија од убавина е сосема нов избор во организација на AYA PRODUCTION од Бејрут , Либан. Целта на изборот е традиционална иднина која одново ќе ја величи убавината на понежниот пол.
Никој не остана рамнодушен од целокупната организација на настанот. Величествените тоалети блескаа, гламурот се чувствуваше низ воздухот. Секако и позитивната енергија и насмевката беа неизоставен аксесоар што го носеа најубавите дами. Би рекле дека убавината е убаво чувство. Можеби навистина се започнува од внатрешноста. Од тоа како се чувствуваме, дали сме безгрижни, дали сме можеби оптимисти или песимисти. Но, мораме да признаеме дека понекогаш ова се само утешителни зборови кои си насочуваме кон себе си. Според „разбуди се“, убавината може одново да се роди. Убавината треба да се посака, а потоа да се сака и негува. Ако го сакате гламурот, се разбира дека може да биде ваш, а верувајте секој од нас го има волшебното стапче. Само треба да знае правилно да го употребува!
Имено, како што известуваат македонските медиуми, убавиците од Македонија се членки на Модното студио Црнокрак. Имено модното студио ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели.